Донација на 310 таблети од Кина

Кинескиот Амбасадор во Македонија  Џанг Ѕуо  донираше 310 таблети наменети за учениците кои немаат нагледни средства за да ја следат наставата он лајн. Таблетите и беа донирани на општина Газибаба. Амбасадорот  Џанг Ѕуо  нагласи дека пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји, си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно. Кинеската страна се надева заедно со Северна Македонија да ја зајакнува општата соработка против пандемијата, економскиот развој, и подобрувањето на животот на луѓето.

„Вирусот не познава граници, но постои вистинска љубов која го грее светот. Воедно дозволете ми да Ви се заблагодарам почитуван градоначалнику г-дин Борис Георгиевски за Вашата помош и поддршка во реализацијата таблетите да дојдат во вистинските раце. Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотите за време на сегашниот тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото.
На крајот, посакувам пријателството помеѓу Кина и Северна Македонија да биде вечно и просперитетно, истакна Ѕуо.

Од името на општина Газибаба се заблагодари градоначалникот Борис Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот