Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Доминација на гостите: Фенербахче убедливо поразен од Нотингем во ЛЕ

Денеска во првиот натпревар од плејофот на Лигата на Европа фудбалерите на Фенербахче на домашен терен високо со 3:0 загубија од Нотингем.

Стрелци на головите за англиската екипа беа Муриљо во 21, Игор Жезус во 43 и Гибс-Вајт во 50 минута од мечот во Истанбул, Турција.

И во другите три мечеви славеа гостите, Динамо Загреб е совладан од Генк со резултат 3:1. Белгијците водеа од 15 минута со голот на Хејнен, а во 21 минута за зголемување на предноста се погрижи Ел Уади.

Пред крајот на првото полувреме Хрватите намалија преку Бељо (44`), а конечниот епилог го постави Ел Уади со својот втор гол на средбата во 90 минута.

Италијанската Болоња со голот на Кастро во деветтата минута славеше кај норвешки Бран, а Селта Виго со 2:1 триумфираше над ПАОК.

Шпанците водеа по првиот дел со погодоците на Аспас во 34 и Сведберг во 43 минута, а Грците својот единствен гол го имаа во 77 минута кога стрелаше Еремееф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот