Домен Тајник е нов ракометар на Еурофарм Пелистер
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од денеска има нов член во своето ракометно семејство. Малата словенечка колонија во Битола е побогата за средниот бек Домен Тајник.
Препорачано
Актуелниот македонски шампион потпиша тригодишен договор со 22-годишниот Словенец, кој доаѓа од Горење Велење и ќе им се придружи на сонародниците Лесјак и Цехте.
Се работи за ракометар со високи спортски перформанси, па иако е млад, има искуство од европски натпревари и трофеи со поранешниот клуб. Тајник е роден во Словење Градец, висок е 183 сантиметри, а тежок 88 килограми.
Од сезоната 2017/18 е член на сениорската екипа на Горење Велење со која стана шампион на Словенија, ги освои Купот и Суперкупот на Словенија, играше во Лигата на шампионите, а последните сезони беше дел од тимот кој настапи и во Европската лига. Тајник беше МВП на словенечкиот шампионат во сезоната 2021/22 и на Купот и Суперкупот на Словенија истата сезона.
Тајник ги помина сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри. Ракометарот деновиве ќе пристигне во Битола и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Официјалното претставување на Тајнкик во Еурофарм Пелистер е предвидено за крајот на август.
РК Еурофарм Пелистер 2 е побогат за уште еден голем балкански талент


