Домен Превц без медал во ски-скоковите, Рајмунд до сензација на ЗОИ 2026
Германскиот ски-скокач Филип Рајмунд го освои златниот медал во ски-скокови на нормална скокалница на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина.
Препорачано
Рајмунд го освои златото со два одлични скока од 102 и 106,5 метри, соодветно. На второто место се најде Полјакот Кацпер Томашјак, иако имаше подолги скокови од Рајмунд, што значи дека разликата помеѓу златото и среброто беше стилот и поените доделени за тој дел од настапот.
Третото место го освои Швајцарецот Грегор Дешванден со скокови од 106 и 107 метри.
Домен Превц од Словенија не успеа да освои медал во машка конкуренција во понеделник вечерта на скокалницата „Џузепе ден Бен“. Актуелниот светски шампион во скокови и летови беше осми по првата серија, а шести по втората.
Ова е големо изненадување, бидејќи Превц дојде во Милано и Кортина како:
– Светски шампион во ски-скокови (Трондхајм 2025);
– Светски шампион во екипно натпреварување во ски-скокови (Трондхајм 2025);
– Светски вицешампион во ски-скокови во мешана конкуренција (2025);
– Светски шампион во ски-скокови (Оберстдорф 2026);
– Актуелен лидер во Светскиот куп;
– Актуелен победник на турнејата „Четири скокалници“.


