Домаќинките советуваат: Неколку трикови за беспрекорно бели алишта

Белата облека во многу случаи е одличен и практичен избор, но проблемот е што тешко се одржува нејзината белина.

Со современиот начин на живеење, неретко немаме време да ги групираме алиштата за перење според боја, па тоа за жал резултира со потемнети бели алишта кои изгледаат како валкани. Со помош на овие неколку трикови, вашите бели парчиња облека повторно ќе заблескаат во потполно бел сјај.

Еден од најевтините начини за совршено избелување на белата облека е со помош на калиум перманганат кој може да се купи во аптека.

Рецептот е многу едноставен. Во 10 литри врела вода ставете неколку кристали калиум перманганат. Водата ќе стане розова, но тоа нека не ве плаши. Немојте да претерувате со количината за да не добиете темновиолетова боја.

Додадете 200 грама детергент за перење и промешајте, па потоа додадете ја мократа облека. Легенот покријте го со најлонска кеса или фолија и оставете ја така да седи 4-5 часа (може и преку ноќ). Нека не ве буни бојата на водата, облеката ќе биде побела од кога било. Кога ќе ги извадите алиштата од течноста, исцедете ги и пикнете ги во машина за перење. Перете ги како и вообичаено.

Ако алиштата биле перени пред избелувањето, тогаш само исплакнете ги и ставете ги да се сушат. Облеката ќе ви биде беспрекорно бела.

Дополнителни трикови:

– Во текот на перењето во прашокот за перење можете да додавате по 2-3 лажици сода бикарбона. Ќе заштедите на скапи средства за избелување, а облеката ќе ви биде совршено бела. Содата ја смалува тврдоста на водата, па така средствата за перење стануваат поефикасни.

– Прашокот за пециво е исто така добар избелувач. Пред перењето истресете една ќесичка во прашокот за перење и промешајте. Резултатот нема да изостане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот