ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО: Oколу 270.000 лица имаат блокирани сметки поради долгови!

фото: Flickr.com

Oколу 270.000 лица во Хрватска имаат блокирани банкарски сметки поради долгови кои постојано се зголемуваат преку каматите и трошоците за извршители.

Aрмијата од повеќе стотина илјади блокирани граѓани настана не само поради долгата економска криза, туку и поради премолчувањето на банките на штета на клиентите, а тоа е докажано и во судовите во случаите на должниците во швајцарски франци. Но и преку адвокатското и нотарското лоби кои посочуваа сите трошоци на извршителите да се префрлат на должниците.

Законот за извршување се менуваше 25 пати – и така стана најчесто менуваниот закон во историјата на Хрватска – трошоците за извршување се уште во просек тројно ја надминуваат висината на самиот долг. ФИНА така ги зголеми и своите приходи, затоа што за извршување наплатуваше 87 куни (околу 12 евра), а сега, во зависност од износот, таа сума може да достигне од девет па се до 675 eвра, пренесува DW.

Бројот на блокирани во последнава година се намалува, поради тоа што многу од граѓаните ја напуштаат државата и започнуваат да ги плаќаат своите долгови во татковината, а дополнително затоа што во минатата година е донесен закон според кој извршувањето повеќе не се спроведува по три години од налогот на ФИНА, доколку цели шест месеци нема никаква наплата.

За главнина и камати, хрватските граѓани денеска должат 3,2 милијарди евра. Дел би можеле да се спасат со новиот Закон за стечај на потрошувачите, кој стапи на сила на почетокот на годината. Колоквијално тој се нарекува „Законот за личен банкрот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот