Доли Партон е во отворен брак 56 години: Еднаш толку многу се заљубив додека бев мажена, што сакав да се убијам

доли партон
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Кралицата на кантри музиката, Доли Партон има „отворен брак“ со сопругот Карл Томас Дин. Таа имала само 18 години кога го запознала 21-годишниот Карл, а парот набрзо се венчал во 1966 година.

Иако парот никогаш не добил деца, таа помогнала во одгледувањето на неколку нејзини помали браќа и сестри, како и внуки и внуци, пишува „Дејлистар“.

Очигледно флертувањето со други луѓе било дозволено. Доли признава дека „мажите се нејзината слабост“, но вели дека Карл знае дека е „лудо вљубена во него“. Пишувајќи во своите мемоари од 2017 година, „Доли за Доли: Интервјуа и средби со Доли Партон“, таа призна:

– Тој не е љубоморен и јас не сум му љубоморна. Тој знае дека флертувам. И тој флертува. Да, тоа е отворена врска, но не и сексуална и би го убила ако воопшто мислев дека го прави тоа. Ќе пукаше и тој во мене. На крајот на денот, лудо се сакаме.

Доли сака да ги држи работите „жешки“ во спалната соба и сака да изгледа „што е можно подобро“ за нејзиниот маж. Зборувајќи за „Е! Вести“, таа изјавила:

– Секој ден се шминкам и ја поправам косата затоа што мислам: „Па, цел свет има можност да ме види цела дотерана, а јас не сакам да му изгледам лошо кога сум дома.“ Никој не сака да се гушка со неуредни луѓе! Мене ми е важно да изгледам најдобро. Мислам дека тоа помага да се зачинат работите.

Мажите ми се слабост. Низок, дебел, ќелав или слаб – се заљубив во многу необични мажи, но Карл знае дека секогаш ќе се вратам дома и нема да бидам интимна со овие луѓе, само флертувам и се забавувам.

Иако никогаш физички не го изневерувала својот маж, Доли признала дека се впуштила во катастрофална „емоционална афера“ поради која сакала да се самоубие. Таа сфатила дека има чувства кон маж чиј идентитет никогаш не го открила, што отишло предалеку и целата ситуација ја натерала да посегне по пиштолот во фиоката покрај креветот. Деталите ги дознаваме во нејзината книга:

– Едно попладне седев горе во спалната соба, кога во фиоката на ноќното столче го забележав мојот пиштол што го чувам за провалници. Го гледав долго… Потоа, штом го зедов, само да го подржам и да го погледнам малку, нашето кученце Попај истрча по скалите, напиша таа и продолжи:

– Тап-тап-тап на неговите шепи ме врати во реалноста, наеднаш се замрзнав. Го спуштив пиштолот. Потоа се молев. Некако верувам дека Попај беше духовен гласник од Бога. Мислам дека немаше да го сторам тоа, да се убијам, но не можам да кажам со сигурност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот