Документарниот филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски учествува на фестивал во Италија

Сцена од филмот „Љубовната соба“

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, „Сузи Кју продукција“ и „Аворд филм и видео“, е избран во официјалната селекција на 21-то издание на Глобалниот филмски и музички фестивал „Искија“, што се одржува на истоимениот остров во Италија од 9 до 16 јули оваа година.

Долгогодишни ветерани на фестивалот се режисерот Џим Шеридан, продуцентот и активист Труди Стајлер и пејачот и текстописец Тони Ренис. На фестивалот годинава има проекции на околу двесте филмски наслови, проследени со многубројни тематски панели и симпозиуми, како и со мастер-класови.

Документарниот филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кои главни протагонисти се две млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД „Идризово“.

Извршен продуцент е Владимир Стојчевски, директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филмот е Горан Стојилковиќ, постерот е изработен од Коста Лазаревски, а тонски дизајнер е Игор Поповски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 187, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 15-16.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот