Фото: EPA/DIMITRIS LEGAKIS

Доку: Акo ни требаат Лукаку и Де Брујне за да го победиме Казахстан, нема да направиме ништо на СП

Белгиската фудбалска репрезентација и покрај ремито на гости со Казахстан (1:1), во вторник на 18 ноември на домашен терен, има шанса со победа над Лихтенштајн официјално да стане учесник на Светското првенство во 2026 година.

Белгијците беа фаворитите за првото место и пред стартот на квалификациската група Ј во која настапува и македонската репрезентација.

Со доста голем број на ѕвезди во тимот, членот на Манчестер сити, Жереми Доку е еден од клучните играчи, но по мечот истакна дека Белгија мора да биде поефикасна во нападот и дека со вакви перформанси тимот нема да стигне далеку на Мундијалот.

Испуштивме премногу бодови затоа што не игравме доволно добро во повеќето од нашите натпревари. Нашиот настап во овие квалификации, благо речено, не беше одличен. Сите треба да се подобриме – тренерот, јас, сите. Го анализиравме тимот на Казахстан и очекувавме да играат со долги топки, но бевме изненадени – противникот се потпираше на кратки топки и агресивна игра. Беше сосема различен натпревар од претходниот. Можеби не го анализиравме противникот доволно добро.

Отсуството на повредените Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа не може да биде изговор. Ако ни требаат за да го победиме Казахстан, тогаш ништо нема да направиме на Светското првенство – рече Доку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот