Докторка од црногорскиот Клинички центар со налог и барање: Затворете го ковчегот со Амфилохие

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Невенка Павличиќ, лекарка од Клиничкиот центар на Црна Гора, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза, пренесува Радио Слободна Европа.

– Не знам колку сте моќни, но знам дека сте обврзани да се однесувате кон сите нас, граѓаните на Црна Гора, како еднакви во секое време, затоа што сте претседател на НКТ, изјави Павличиќ, пренесува РСЕ.

Лекарката вели дека секој треба да биде погребан според истите правила, „а не да се прават настани и промоции за лидери на други земји”.

– Сопругот на моја пријателка беше изнесен од Клиничкиот центар во пластична кеса и таа имаше 15 минути да се збогува, таа и нејзините две деца, со починатиот кој имал 57 години. Родителите не можеле да го видат своето дете, нагласи Павличиќ, која апелираше НКТ да реагира.

Ковчегот со посмртните останки на митрополитот вчера беше предаден во Подгорица и беше изложен во Црквата Христово воскресение, каде што минаа голем број граѓани за да му оддадат почит.

Амфилохије почина во петокот, откако беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица на 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош поради компликации поврзани со ковид-19.

ВИДЕО: Колона луѓе кон Подгорица на погреб на митрополитот Амфилохие

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот