Доктор Стојанов: Мерката изолација од 10 дена не држи вода со омикрон

Д-р Александар Стојанов, Фото: Архива

Екс директорот на центарот за јавно здравје Скопје и долгогодишен епидемиолог доктор Алексндар Стојанов вели дека дефинитивно мора да се направат измени и периодот на изолацијата за ковид позитивните пациенти да се намали, затоа што веќе не владеат истите правила од почетотот на пандемијата со појавата на омикрон варијантата.

-Не држи вода веќе тоа. Никој не може да седи дома десет дена или дваесет дена, а и не е епидемиолошки и медицински оправдано. Еве погледнете во САД каде што превладува омикрон, вчера имаа 1 милион новозаразени. Таму ја намалија изолацијата од 10 на 5 дена. Нашиот проблем е што не тестираме доволно и не секвенционираме дали заразениот е со омикрон или со делта. Но објективно како што ќе поминува времето, така ќе преовладува омикрон и ќе треба да се намали изолацијата. На омикрон инкубацијата му е 3 дена, а лекувањето 5 дена и после тоа пациентот не е заразен. Затоа Американците направија изолацијата да трае пет дена. Но сепак, за ваква мерка мора да знаете дали е омикрон. Ако е делта тогаш не треба да излезе од изолација толку рано, објаснува доктор Стојанов за Слободен печат.

И во Македонија ќе се намалува изолацијата за ковид од 10 на 7 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот