Доколку остане без Мбапе, ПСЖ ќе го донесе Роналдо

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

„Тутоспорт“ пишува дека Кристијано Роналдо е на излезни врати од Јувентус и најверојатно следна станица во кариерата ќе му биде Париз, односно ПСЖ. Сепак, трансферот на Роналдо во ПСЖќе зависи од младата ѕвезда на „светците“, Килијан Мбапе.

Мбапе наводно ги известил челниците на ПСЖ дека не сака да игра повеќе за „светците“ и дека сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Младиот напаѓач одбил да потпише нов договор со ПСЖ со што го стави клубот во позиција да мора да го продаде ова лето бидејќи идната година Мбапе ќе си замине како слободен играч.
„Тутоспорт“ пишува дека Роналдо сигурно би дошол во ПСЖ ова лето како замена за Мбапе и тоа во сценарио кое им одговара на двете екипи.
Јувентус по пауза од девет години, сезонава ќе остане без титулата бидејќи Интер на девет кола до крајот има 12 бода повеќе од „старата дама, а згора на тоа Португалецот не успеа да го донесе трофејот во Лигата на шампионите, екипата две години по ред испаѓа во осминафиналето. Дополнителен товар на Јувентус му создава и пандемијата на коронавирусот која им ја испразни касата и останување на Роналдо во Торино уште една сезона ќе значи дополнителен товар од 30 милиони евра за неговата плата, а тоа е сума која нема да претставува за ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот