Доколку играше во Европа, Мајкл Џордан ќе беше просечен играч

Мајкл Џордан Мајкл Џордан освои шест шампионски титули и се смета за најдобар кошаркар на сите времиња/ фото: EPA/CJ GUNTHER

За голем број на кошаркарски фанови Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар на сите времиња, помладата генерација има свои фаворити во Коби Брајант и Леброн Џејмс, а има и фанови кои сметаат дека „летечкиот Мајкл“ би бил сосема поинаков кошаркар доколку играше во Европа.

Еден од тие што го делат последното мислење е легендарниот тренер Божидар Маљковиќ. Според зборовите на поранешниот НБА играч Џон Сили, кој соработуваше со Маљковиќ во Панатинаикос, Џордан не би бил суперѕвезда во Европа. Ова стои во книгата „Циркус три прстени: Коби, Шек, Фил и лудите години на династијата на Лејкерс“, а чии делови од неа пренесува „Марка“.

„ Сили ми рече дека веднаш откако се запознал со Маљковиќ, тренерот му рекол дека Џордан би бил просечен играч во Европа и дека би постигнувал просечно 16 поени по натпревар. Сили ми рече дека веднаш увидел оти нема долго да се задржи во Панатинаикос, и си замина по само седум недели“, пишува во книгата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот