Докажано! Пет необични работи кај жените кои ги возбудуваат мажите

Фото: Профимедиа

На прашањето што сакаат мажите од жените, сè уште никој не го пронашол точниот одговор. Меѓутоа, се чини дека науката е сè поблиску до одговорот. Истражувањата коишто се фокусираа на откривањето на загатката и тајната на привлечноста е навистина интересно, а можете да ги прочитате во продолжени…

Познато е дека секој човек има лични преференции, односно карактеристики и особини што му се визуелно и сексуално најпривлечни. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека едно работа им е заедничка на многу мажи: тие веруваат во своите први впечатоци, а токму тие првични впечатоци имаат големо влијание врз нивото на привлечност кон одделни жени. Се разбира, постојат жени кои владеат со уметноста да остават добар прв впечаток со малку или со нималку напор, додека, пак, другите треба малку повеќе да се потрудат.

Но, овие пет работи што мажите докажано ги сакаат од жените.

Идеален сооднос на половината и колковите
Оваа склоност има помалку врска со атрактивноста, а повеќе со здравјето и плодноста. Истражувањата исто така покажуваат дека соодносот на половината и бутовите е силен показател за нивоата на естрогенот кои  ги има жената. Исто така, укажува на ризик од развој на дебелина и болести како што се дијабетес, рак на јајчници и срцеви болести.

Дискретната шминка е привлечна за мажите
Иако, некои мажи тврдат дека претпочитаат жени без шминка затоа што изгледаат природно, според истражувањето спроведено од онлајн состаноци Зооск, се покажало дека мажите, сепак, сакаат природно нашминкани жени. Од 1.200 жени кои имале нашминкани очи на профилната фотографија, 139 жени почесто примале пораки од мажите. Мажите исто така посакале да запознаат жена која имала кармин на нејзината фотографија на профилот на онлајн платформата. Меѓутоа, жените кои имаат тенденција да ставаат потемна или поинтензивна шминка, мажите поретко ги забележуваат. Значи, дури и ако мажите тврдат дека претпочитаат жени кои изгледаат „природно“, тоа природно значи умерена и дискретна шминка.

Облекување во црвена облека
Црвената е бојата на страста. Затоа, не е ни чудо што мажите токму црвената боја толку многу ги привлекува. Во студија спроведена од психолог од Универзитетот Рочестер, на мажите им биле прикажани фотографии од различни жени во рамките на црвената или белата боја и ги прашале колку им се убави жените. Тогаш им ја покажале истата фотографија со жените облечени во црвена или сина боја и ги прашаа колку пари ќе потрошат на состанок со таа жена. Жените врамени во црвена боја или оние кои носеле црвена облека биле попривлечни за мажите и тие сакале да потрошат повеќе пари на состанок со тие дами.

Љубезен став
Љубезноста навистина се цени! Во студија на Здружението за личност и социјална психологија, истражувачите откриле дека љубезната реакција на жената на машките потреби и желби ја зголемува нивната привлечност во очите на мажите.

Глас со повисоки тонови
Истражувањата покажале дека жените сметаат дека мажите со подлабок глас се попривлечни. Слично на тоа, мажите сметаат дека жените со повисок глас се попривлечни, бидејќи веруваат дека повисоките гласови сигнализираат плодност и женственост. Ова е уште едно потсвесно еволутивно упатство според кое мажите ги избираат жените.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот