Додека сопругата го чекала, славниот пејач добил дете со љубовницата: Преминала преку сè и му родила син, а тој признал дека сака друга

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Жените се мојот порок, но најомилен!“, признал во една прилика пејачот Хари Мата Хари, кој пред неколку дена го прослави 63-тиот роденден. А сите овие години неговиот љубовен живот не престанува да интригира.

Хајрудин Хари Варешановиќ, фронтменот на култната група „Хари Мата Хари“, со децении реди хитови на музичката сцена, обидувајќи се својот љубовен живот да го зачува во тајност. Меѓутоа, откако стана популарен, го следат гласини дека е склон кон афери и дека не може да се пофали со верност кон своите сопруги.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Досега двапати бил во брак, а своевремено истакнал дека дури покрај Јасмина, сегашната сопруга, спознал што е вистинска емоција.

Веќе на 19 години му се случила голма љубов со Аида, со која добил две деца. Се венчале во 1983 година, а немало никаква гламурозна церемонија, туку прославиле на интимна церемонија, во кругот на најблиските. Две години подоцна, станале родители по првпат, ја добиле ќерката Наѓа, која денес е многу успешна лекарка. Иако Варешановиќ бил свесен тогаш дека не е подготвен за улогата на татко, денес ја користи секоја прилика да истакне колку е горд на својата ќерка.

Меѓутоа, заедничкиот живот со Аида постојано го следеле бројни приказни за неверствата на Хари.

Во едно интервју, тој признал дека бил многу млад и неподготвен за улогата на татко. Речиси една деценија подоцна, на Хари и на Аида им се родил синот Дамир.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Меѓутоа, дури подоцна исплива на виделина дека тој две години пред да му се роди синот, (во 1992 година) го добил вонбрачниот син Мак од романсата со извесна Маја, за кој и самиот Хари дознал многу подоцна. Тоа било една од причините поради која се распаднал неговиот брак со Аида. Меѓутоа, мајката на Мак ги демантирала тие наводи, односно дека Хари подоцна дознал за раѓањето на синот.

„Сакам да ги демантирам ваквите наводи на медиумите, кои кружат со години. Хари Варешановиќ знаеше за својот син од првиот ден, односно за мојата бременост дозна истиот ден кога и јас и моето семејство, во ноември 1991 година.

Причината за моето огласување е да го прекинам синџирот на лаги кој трае од крајот на војната до денес. Ниту мојот син, ниту јас не сме јавни личности и медиумски експонирани, и принудена сум да ставам крај на невистините.

Бидејќи секоја пара има своја страна на приказната, јас сакав да ставам крај за да го заштитам својот син и угледот на семејството“, изјавила Маја и додала:

„Од првиот ден кога дознав дека сум бремена, Хари дозна уште пред моите родители. Отидов на лекар и потоа заедно со сестра ми се упатив кај Хари за да го запознаам со новонастанатата ситуација. Хари знаеше за своето дете од првиот ден, од првиот ден тој беше во контакт со мене. Беше упатен и за време на војната, а нè посети и во Белгија, каде што живеевме по војната до 1991 година. Од бременоста до раѓањето, па сè до денес, тој учествува во воспитувањето и животот на нашиот син.“

Се мислело дека Аида му простила сè на Хари кога на свет пристигнал и нивниот син Дамир, во 1994 година. А тогаш повторно се појавил сомнежот. Имено, истата година кога го добил вториот наследник, Хари ја запознал и Јасмина, неговата сегашна сопруга. Потполно отворено признал дека со неа сфатил што е вистинска љубов.

Хари Варешановиќ со синот Дамир / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Парадоксално, како што откриваат луѓето околу него, тој имал љубовници, но му било важно да има и мирно пристаниште каде што секогаш ќе се враќа.

Никогаш не криел дека најголемиот порок во неговиот живот се – жените.

„Во музиката влегов поради музиката, а не поради пропратните работи поврзани со неа. Никогаш сум немал проблем со дрогата, алкохолот и со коцката. Единствено не се спасив од жените, а тоа е ден од нуспроизводите кој оди со музиката, и ми е најдрагиот порок. Со сопругата имав мали проблеми, но ретко. Секогаш ѝ велев: ’Кој ти е крив? Самата си бирала. Ти ме избра мене, не јас тебе.‘ Јас веќе на 20 години бев дефиниран како музичар и се знаеше мојот животен пат. Со сопругата останав во брак, во компромисен брак, поради децата“, изјавил Хари своевремено за „Пулс“.

Повеќе од една деценија живее на релација Сараево-Минхен, поради сегашната сопруга Јасмина, со која стапил во брак во 2010 година, веднаш по разводот од првата сопруга.

Инаку, Мак се оженил во 2017 година, а Хари бил главен организатор на венчавката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот