Додека милиони бегаат пред Доријан, Американец има идеја како да го победи ураганот: Веднаш стана предмет на потсмев (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Ураганот Доријан, кој однесе најмалку седум животи на Бахамите, се движи кон Флорида.

Прогнозерите велат дека во следните 36 часа би можел да се доближи многу блиску до источниот брег на Флорида, каде повеќе од милион луѓе добија наредба за евакуација.

Но, еден човек вели дека има идеја како да го спречи ураганот пред тој да стигне до копното, поради што веднаш стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

На снимката се гледа маж од Палм Беј во тропска кошула кој зборува дека треба да интервенира морнарницата и да фрла мраз во топла вода.

Снимката има повеќе од 13 милиони прегледи на Твитер, а тој веднаш стана меме.

Меѓутоа, тој не застана на овој совет, потоа произнесе и идеја за тоа како и воздушните сили исто така би можеле да помогнат.

– Мора да постојат начини за борба против тоа наместо само да се зборува дека ситуацијата се влошува – вели тој.

https://twitter.com/KidFromTMR/status/1168372756016238592

Потоа додава дека авионите би можеле да летаат околу ураганот и да ги пренасочуваат ветровите, што беше повеќе од доволно за многмина од овие негови зборови да добијат инспирација да се пошегуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот