Додека Луна, Анабела и Гаги секојдневно се расправаат во „Задруга“, поради најмалата ќерка Нина реагирала полицијата? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

И додека Анабела Атијас и нејзината повозрасна ќерка Луна Ѓогани, секојдневно се караат во реалното шоу „Задруга“, нејзината најмлада ќерка Нина Ѓогани поради нивните расправии наводно повторно доживеала нервен слом.

На Нина не ѝ е лесно секојдневно да ги гледа караниците и навредите кои си ги упатуваат нејзината сестра и мајка, а близок извор раскажал дека таа се чуствува многу лошо.

– Нина една вечер доживеа нервен слом поради тоа што се случуваше во „Задруга“ – открил изворот на српски „Информер“.

Поради кршењето и буката која ја направила, наводно морала да интервенира и полицијата, а во случај да се случи повторно истото, ќе мора да се вклучи и социјалната служба.

– Реагираше и полицијата, се кршеше по станот. Доби предупредување ако се повтори истото ќе реагира социјалната служба.

– Нина има и панични напади, бидејќи сите и се смеат на улица. Андреј е многу загрижен за неа, но и за Анабела – заклучил извор близок на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот