Додадете ја оваа природна состојка во правосмукалката и збогатете го домот со убав мирис и чисти теписи
Зимските месеци носат поинаков ритам во домот, па токму затоа ова време од годината е идеално за создавање чувство на свежина и чистота. Кога поголемиот дел од денот се поминува во затворени простории, домот брзо ги впива различните мириси – од готвење, пареа од бањата, па сѐ до мириси кои доаѓаат од мебелот. Тогаш обичното чистење со правосмукалка се претвора во мал ритуал кој му враќа леснотија на просторот.
Препорачано
Но, дури и најсовремените правосмукалки во зима може да развијат непријатен мирис, како резултат на насобрана прашина, влакна од миленици, влага и секојдневна нечистотија. Поради тоа, многу домаќини се навраќаат на старински, природни трикови кои го освежуваат домот без употреба на тешки хемикалии или вештачки мириси.
Еден од најпопуларните трикови е додавање малку цимет или неколку капки етерично масло врз памучна вата, која се става во внатрешноста на правосмукалката. Додека чистите, топлиот, пријатен мирис полека се шири низ просторот и потсетува на домашни печива или попладневен чај.
Освен што создава пријатна атмосфера, овој метод помага и психолошки – мирните, чисти простории често го смируваат умот. Секој пат кога ќе видите уредни теписи или ќе почувствувате свежина во воздухот, се потсетувате дека домот не е само место за живеење, туку и ваш мал извор на мир и секојдневни радости.
Додавањето цимет во правосмукалката има и практични предности: просторот добива природен, сладок мирис секој пат кога чистите, а природните антисептички својства на циметот може да помогнат во намалување на бактериите кои се задржуваат во теписите. Мирисот се ослободува постепено додека чистите, истовремено неутрализирајќи ги непријатните мириси во домот.


