Пратеникот Мендух Тачи бил дел од вандалски чин доцна синоќа во Тетово

Мендух Тачи/ Фото Архива на Слободен печат

Актуелниот пратеник од политичката партија ДПА, Мендух Тачи доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, велат извори за Слободен печат.

Денес во 01.50 ч. во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со патнички моторни возила „Голф“ и „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците.

По преземените мерки, во непосредна близина од страна на полициска патрола возилата се сопрени и при легитимирањето констатирано е дека во патничкото моторно возило „Ауди“ се наоѓа Мендух Тачи (актуелен пратеник од политичката партија ДПА). По извршената консултација со ЈО лицата веднаш се ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.

Утрово Слободен печат се обиде да стапи во контакт со актуелниот пратеник, но не успеавме да го добиеме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот