Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

До истражните органи доставена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту ме интересира, ниту сум ги прашал, најверојатно си ја тераат процедурата, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

-Од истражните органи се што беше побарано од нас како медицинска документација, се е предадено. Тоа што е побарано е дадено и повторно што ќе биде побарано ќе биде дадено. Истражните органи си ги знаат процедурите и не би сакал да се мешам во таа работа, истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по прес-коннеференцијата на која ја соопшти состојбата на хоспитализираните по трагедијата во Кочани.

Во однос на медицинските тимови, дециден е дека што ќе побараат колегите од Кочани, тоа и ќе биде испратено.

-Одредени тимови од пластична хиругија веќе беа и ќе продолжат да одат, комуницираме со сите пациенти и тие што се испишани и тие што се на болничко лекување, во тек сме и какви ќе бидат барањата, така ќе постапуваме, подвлече министерот.

Министерот Таравари претходно соопшти дека пет пациенти од хоспитализираните во Скопје се пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, а четворица од оние кои се лекуваат во странство се во критична состојба. мч/дм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот