До 2030 година Јапонците планираат да ги затворат сите термоелектрани

Во Јапонија во моментов постојат 140 централи на јаглен кои обезбедуваат речиси една третина од елекричната енергија.

Јапонската влада се обврза да разгледа конкретни мерки за намалување на енергетската зависност од јаглен до 2030 година.

Јапонските медиуми пренесоа дека владата има план да затвори околу 100 стари централи на јаглен.

Министерот за економија, трговија и индустрија Хироши Каџијама изјави дека побарал од неговото министерство да ги разгледа предлозите за затворање на неефикасните централи на јаглен и со тоа обновливите извори на енергина да станат главниогт извор за производство на електрична енергија.

Меѓу опциите се споменува и заострување на прописите со што старите централи на јаглен би биле затворени до 2030 година.

Во Јапонија во моментов постојат 140 централи на јаглен кои обезбедуваат речиси една третина од елекричната енергија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот