Гласање локални избори 2025 / Фото: Методи Здравев - Слободен печат

До 11 часот гласале 10,1 отсто од граѓаните — најмал одзив во Сарај, Чаир и во Шуто Оризари

Според најновите податоци на Државната изборна комисија, излезноста до 11 часот изнесува 10,1 отсто на ниво на цела држава, врз основа на обработени 92,94 проценти од избирачките места.

Овој одѕив е нешто повисок во однос на првиот круг од изборите, кога до истиот термин излезноста изнесуваше 9,38 проценти.

Агитираат во изборен молк: Иселеници од Швајцарија доаѓаат да гласаат во Струга

Највисока излезност досега има во Пробиштип (22%), Лозово (20,87%), Демир Капија (19,92%) и Крушево (19,92%), по што следуваат Ранковце (18,29%), Дојран (17,43%), Конче (16,51%), Кичево и Чешиново-Облешево (по 15,96%), Зрновци (15,89%), Чучер Сандево (15,85%), Брвеница (15,29%), Македонска Каменица (15,09%), Росоман (14,26%), Дебарца (13,99%), Македонски Брод (13,5%), Валандово (13,33%), Виница (13,07%), Неготино (12,86%) и Карпош (10,9%).

Во долниот дел на листата се Могила (10,61%), Кисела Вода (10,25%), Кочани (9,99%), Долнени (9,37%), Аеродром (9,36%), Струга (9,16%), Тетово (8,28%), Ѓорче Петров (8,03%), Гази Баба (7,62%), Бутел (7,34%), Дебар (6,69%), Боговиње (6,67%), Куманово (6,42%), Шуто Оризари (5,93%), Чаир (2,67%), а најниска излезност има во Сарај — 1,86%.

Излезноста, според податоците од графиконот, продолжува да расте стабилно.

Следниот пресек на ДИК ќе биде објавен во 13 часот.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот