Дизајнерите за ентериер советуваат: ова се три клучни совети за совршен дом

Доколку сакате да достигнете мастер ниво потребно е да совладате само неколку најважни принципи за дом, во основа кој е со стил, но и комфорен.

Многупати сме се увериле во тоа дека не е важна квадратурата на домот за да би изгледал убаво тој како на фотографиите од Инстаграм. Клучот на убавиот изглед, но и чувствата кои тој ги буди, лежат во деталите кои не бараат многу вложување. Мајсторите на декорација и врвни дизајнери ни откриваат што подразбира добар дизајн.

Доколку сакате да достигнете мастер ниво потребно е да совладате само неколку најважни принципи за дом, во основа кој е со стил, но и комфорен.

Обојте ги ѕидовите во ходникот

Размислете за драматичните бои: клучот е  истовремено да бидат и затворени бои. Петролеј зелена или виолетова ќе биде идеална подлога за истакнување на деталите, како што се фотографиите или вашите драги спомени. За ова ви е потребно само едно попладне, а промената е голема!

Графички принт за мали простории

Квадратните црно-бели плочки се класика која никогаш нема да престане да изгледа моќно, а тапетите со цветни мотиви ќе дадат неочекувано освежување на секое мини катче. На тој начин малите простории ќе ги направите значително интересни, поубави и толку необични што нема да верувате дека се наоѓате во толку мала просторија.

Полиците кои се простираат по целата должина на ѕидот

Полиците од подот до таванот се полн погодок. Тоа е рецепт за шик-изглед на просторијата, а воедно е место да наредете повеќе работи на едно место како не би завземале простор. Наредете ги да изгледаат естетски добро и тоа ќе биде вашето омилено катче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот