Директорите на тетовската болница ќе бидат разрешени по изборите

Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Директорот и економскиот директор на тетовската Клиничка болница, Флорим Бесими и Артан Етеми, по изборите ќе бидат разрешени од функциите на кои поднесоа оставки по пожарот во модуларната ковид болница, во кој загинаа 14 луѓе, објави ТВ24, повикувајќи се на извори во Владата.

„Оставката на двајцата директори е неотповиклива и после изборите ќе се постават други директори. Сега е забрането по Избрниот законик“, велат од владата за ТВ24.

Бесими и Етеми поднесоа оставки истиот ден кога оставките ги понудија и министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик, Илир Хасани.

Премиерот Заев, откако вчера беше објавен извештајот на Обвинителството за несреќата во Тетово, соопшти дека не ги прифаќа оставките на Филипче и Хасани.

Според извештајот на Обвинителството, прегреан продолжен кабел, на кој биле вклучени дефибрилатор, мобилен и уште еден уред, е причината за страотниот пожар на 8 септември. Огнот се ширел брзо оти имало оштетување на доводот за кислород, а и поради тоа што во потпокривниот простор на објектот не постоеле прегради помеѓу просториите и кон ходникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот