Дипломатскиот синдикат реагира на огласот за избор на дипломати во ДКП

Фото: МИА

Македонскиот дипломатски синдикат денеска изрази загриженост поради објавувањето на 21 интерен оглас за упатување дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП).

Според Синдикатот, конкурсот се распишува во сензибилен период кога веќе е договорен датум за предвремени парламентарни избори со што се отвара простор за политичка злоупотреба на редовниот циклус на ротација во дипломатско-конзуларните претставништва.

– Со оглед на законски предвидената должина на целокупната процедура за упатување дипломати во странство, сосема извесно е дека постапките длабоко ќе навлезат во транзитните 100 дена на таканаречената “Пржинска Влада”, што дополнително ќе го компромитира комплетниот процес на донесување одлуки. Оттаму, оправдани се стравувањата и сомнежите на вработените во МНР дека се можни силни политички влијанија во изборот на кандидатите и партиски „клуч” при кадровските решенија
во облик на подобни имиња во стратешките центри како Вашингтон и Берлин, амабасадите во Хаг и Атина, како и мисиите при Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации – велат од Синдикатот.

Зачудени се што министерот Димитров се решил на ваков чекор и очекуваат тој самиот да побара стопирање на огласите до завршување на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот