Дино Парк Скопје со рекордна посетеност: За 4 дена 15 000 посетители

Дино паркот во Градот Скопје е составен од 41 фигура на диносауруси од различни периоди коишто се интерактивни, коишто се движат, коишто пуштаат клици, и од тој аспект гледано, тоа е најголемиот дино-парк на Балканот.

Она што е карактеристично за Дино паркот е дека е прв дигитализиран дино-парк, и Зоолошката е прва дигитализирана институција. Со помош на апликацијата ќе можете да ги видите сите податоци со скенирање на диносаурусите коишто се овдека прикажани. Со што овој парк всушност претставува и на определен начин едукативен центар за нашите најмили, за нашите деца, за нашите млади да научат нешто повеќе од историјата на нашата мила планета Земја. Нека ни е со среќа. Скопје чекор по чекор граби кон светските стандарди. – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

Дино Парк за само четири дена сруши рекорди во посетеност, посетен е од страна на 15 000 посетители. Викендов се очекува да се сруши овој рекорд, најавени се 3000 посетители од соседните земји – соопшти денес за медиумите директорот Ѓорѓи Галетановски.

Видео на денот