Динамо Дрезден продаде 72.000 влезници за натпревар без гледачи
Германскиот третолигаш Динамо Дрезден продаде дури 72.112 влезници за натпреварот од второто коло во Германскиот Куппротив Дармштад, кој поради пандемијата на коронавирусот се одигра без гледачи.
Динамо Дрезден одлучи да им овозможи на своите навивачи влезници по цена од пет евра за финансиски да му помогнат на клубот. Акцијата на Динамо Дрезден наиде на одличен прием кај навивачите и тие купија точно 72.112 карти што донесе приход од 350.000 евра.
Клубот соопшти дека влезниците биле продадени во повеќе од 30 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Австралија.
Die Zahl des Tages lautet 72.112. Denn: So viele „Geister“ waren bei #SGDSVD dabei. ? Danke für diese einmal mehr utopische Unterstützung, liebe Dynamo-Fans! ?? #ImGeisteDabei #sgd1953 pic.twitter.com/UOwLknW52D
— SG Dynamo Dresden (@DynamoDresden) December 22, 2020
-Ова беше неверојатна акција. Им симнуваме капа на нашите навивачи. Никогаш не сум видел ништо слично на ова – напаѓачот на клубот Патрик Вајхрач.
Динамо Дрезден натреварот го заврши со пораз од 0:3 и ги заврши настапите во германскиот Куп.