Димовска: Јанева рече да му се даде пасош на Камчев

Фото: Слободен печат

„Телефонски го известив специјалниот обвинител за барањето кое беше пристигнато во СЈО со кое се бараше издавање на патна исправа за обвинет од случајот „Империја“. Бидејќи специјалниот обвинител беше на одмор, предметната документација и беше предадена на нејзината заменичка Елизабета Јосифовска“, изјави денеска Сања Димовска вработена во СЈО, поранешна шефица на кабинетот на Катица Јанева на денешното рочиште за „Рекет“.

Ова мислење на СЈО се однесувало за враќање на пасошот за обвинетиот во „Империја“ Орце Камчев.

– Јанева ни даде насока да не се ограничува времето на издавање-важење на пасошот, туку тоа да го стори судот, затоа ни рече ние тоа да не го пишуваме во поднесокот до судот  – рече Димовска.

Таа, не знаејќи со сигурност, посочи дека Бојан Јовановски можеби 2-3 пати дошол во СЈО.

Димовска рече дека на неа ништо не ѝ било познато за враќање на патната исправа за обвинетиот Цветан Панделески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот