Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

Процесот е многу комплициран и е под окото на Европската комисија, исто така целиот процес на доделување на проекти се снима и може да се изврши увид на тоа изјави денеска директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова 

– Не се магарињата толку смешни како што сакаше да се направи приказна во јавноста и тоа не беше случајно. Таа небулоза произлезе од господинот Тортевски кој се забавуваше со темата магариња, а господинот Тортевски има тужба против Европската агенција бидејќи му скративме срдства за проект и тоа не беше толку случајно – изјави Димова на денешната пресконференција за новинарите.

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Димова потоа им порача на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека не планира да поднесе оставка додека не се открие каде се проневерни 2.2 милиони евра европски пари

– ВМРО-ДПМНЕ инсистираше  јас да дадам оставка, но ќе мрорам да ги разочарам, нема да дадам оставка, нема потреба да се тревожат, системот на Брисел функцонира совршено. Јас ќе останам во оваа агенција додека не се разреши дилемата каде се проневерни 2.2 милиони европски пари – нагласи Димова.

Злоупотребата од осум организации во пет различни држави била спроведувана од 2016 до 2018 година од неколку правни лица, кои на потенцијалните корисници на програмата „Еразмус+“ им нуделе услуги за пишување проекти. Потоа, откако проектите се добивале од Националната агенција, целата шема се спроведувала преку наместени јавни набавки, изјави Лидија Димова во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ во јуни годинава. Проследете го разговорот за злоупотребата ТУКА.

„Пирамидата во Еразмус“ – Злоупотреба тешка 2,2 милиони евра преку наместени јавни набавки (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот