Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Тродневната голгота низ која поминувам поради информацијата дека сум дала грант од 270.000 евра на фризерница е замајување на јавноста, изјави директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова на денешната прес конференција. 

– Би сакала да кажам дека сметам дека тродневната голгота се должеше на тоа дека во јуни месец објавив сторија за злоупотреба на европски средства од 2.2 милиони евра и од овде започна цела голгота, а ова е случај од лани кој е пријавен уредно во Брисел и за ова прашањата треба да ги поставите кај Јавниот обвинител – изјави Димова. 

Директорката потоа објасни дека не е даден грант на фризерница, туку на друго претпријатие, а истакна дека фотографиите на кои таа се наоѓа со Зоран Златковски, кој е корисник на спорниот грант, се монтажа.

– Станува збор за давање на грант точно, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З ТРЕЈД, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната е дека јас со него се наоѓам пред неа. Дури и тоа да беше фризерница, во Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно. Ниту јас ниту некое физичко или правно лице ги дели парите, тие се делат по строго утврдени правила кои ги диктира Брисел. Ние сме на еднакво ниво како и државите членки на ЕУ и ги применуваме нивните правила. За тоа да се случи ние добиваме посебен прирачник каде стојат сите правила за оценување на проектите – истакна Димова. 

По ова Димова започна да го претставува прирачникот и детално да ја објаснува процедурата за доделување на грантови.

Прес-конференцијата е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот