Политичкото движење или невладина на Димитров ќе се вика „Солуција“ – Балкански центар за конструктивни политики?

Никола Димитров Преспа
Никола Димитров / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ e името на новото политичко движење или новата невладина организација на поранешниот шеф на дипломатијата и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, објави МКД.мк.

Димитров прексиноќа за ТВ21 најави дека наскоро ќе ги објави своите планови на македонската политичка сцена.

„Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол. И мислам дека е тоа здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и дека не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и до својата совест отколку да вика магарето лета. Оти од викање лета ли магарето, лета магарето, стигнавме до ова дереџе. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави за ТВ21 Никола Димитров.

Никола Димитров објави дека се враќа во политиката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот