Димитријевиќ убедливо прв стрелец и најкорисен кошаркар во квалификациите
Македонија вчера не ја победи Литванија во квалификациите за Европското првенство, но една од главните теми во кошаркарската јавност секако е неверојатниот настап на Ненад Димитријевиќ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 43 поени што е фантастичен учинок за европската кошарка. Неговата бројка веројатно ќе беше и поголема да не се повредеше на пет минути пред крајот на натпреварот.
Со доминантниот настпа, Димитријевиќ е на врвот на листата стрелци, а ќе потсетиме одигра и само три натпревари, еден пропушти поради обврските кон Олимпија Милано.
Димитријевиќ во три натпревари има 100 поени и просек од 33.3 поени по натпревар. Во просекот зад Димитријевиќ е Клемен Препелиќ од Словенија со 24.7 по натпревар и вкупно 74. потоа следи Марио Хезоња од Хрватска со 24 по натпревар и 72. Грузиецот Торник Шенгелија постигна 95 поени, меѓутоа е четврти на листата.
Исто така Димитријевиќ е најкорисен играч во квалификациите со 30.7 просечен идекс, пред уште еден наш кошаркар, Итан Хап кој е на 30.5. Ќе потсетиме, Хап поради повреда ги пропушти средбите со Литванците.


