Димитријевиќ и Валенсија вторпат непријатно изненадени од Бреоган

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Денеска во рамките од 22 коло во најсилното шпанско кошаркарско првенство составот на Валенсија неочекувано загуби на гостувањето кај Бреоган со резултат 99:82.

Пред овој меч Валенсија ја имаше фаворитската улога со оглед на серијата од пет победи по ред, а послаборангираниот Бреоган имаше три порази на последните четири средби.

Интересно, пред составот на тренерот Пенароја да ја започне низата победи, последниот пораз го имаше токму од Бреоган дома од 97:98.

За гостите настапи македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој доби мала минутажа, и за нешто повеќе од пет и пол минути игра запиша само два поени, по еден скок и асистенција.

Неговиот тренер најверојатно го чува нашиот играч за настапот во Купот во чие натпреварување за пет дена треба да го игра четвртфиналниот дуел со Мурсија.

На табелата во првенството Валенсија се наоѓа на четвртото место со 24 бодови, 10 помалку зад водечкиот Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот