Димитријевиќ и Валенсија без финале во Еврокупот

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Во полуфиналниот натпревар Виртус како гостин ја совлада Валенсија со резултат 83:73 (27:19, 23:19, 12:19, 21:16) во рамките од Еврокупот.

Италијанците до победата беа предводени од Шенгелија со 15 поени, Белинели со 14, а Теодосиќ со 12.

Во тимот на Валенсија најдобри беа Риверо со 17 поени и Лопез-Арестеги со 16 поени.

Македонскиот репрезентативец за шпанскиот клуб го заврши мечот со шест поени, една украдена и две загубени топки за нешто повеќе од 10 минути игра на паркетот.

Виртус во финалето ќе игра со Фрути Екстра Бурсаспор (Турција), на 11 мај во Болоња. Бурсаспор ја совлада екипата на МораБанк Андора со 85:68.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот