Димитриевски со понуда да се врати во „Ла Лига“

EPA-EFE

Изворот вели дека Реал Бетис е во потрага по нов голман за наредната натпреварувачка сезона 2019/20 во шпанската „Ла Лига“.

Меѓу опциите се наоѓа и нашиот чувар на мрежата Димитриевски, а освен во потесниот круг на желби се наоѓаат уште Дмитровиќ (Еибар), Пачеко (Алавес) и Лунин (Реал Мадрид).

Принтскрин/mundodeportivo.com

Во својата прва сезона со Рајо Ваљекано, Димитриевски (26) не успеа да обезбеди опстанок во најсилната шпанска фудбалска лига.

Па така наредната сезона повторно во неговата кариера ќе настапува во Сегунда каде што играше со Химнастик и Гранада. Минатата сезона во „Ла Лига“ имаше вкупно 11 мечеви за Рајо. Има договор со клубот до 30 јуни 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот