Димитриевски: Ако фокусот ни е на високо ниво, можеме до позитивен резултат против Англија

фото: ФФМ

Сите мисли се насочени кон утрешниот натпревар против Англија во обид и по третпат да останеме непоразени против една од најсилните европски фудбалски репрезентации.

На поволен резултат се надева и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој вели дека концентрацијата мора да биде на високо ниво доколку сакаме позитивен резултат.

Нашиот чувар на мрежата и воедно член на Рајо Ваљекано веќе знае е да се игра на големи стадиони и значајно е неговото искуство што го има од настапите во шпанската „Ла Лига“.

– Мора да го дадеме нашиот максимум на терен и мислам дека ако фокусот ни е на високо ниво, може да извадиме позитивен резултат, а зошто не и да дојдеме до победа. Нормално е дека овој натпревар ни доаѓа близу, по оној по Украина, а се наоѓаме на крајот на сезоната и чувствуваме замор. Но, знам дека ние имаме квалитетна екипа. Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни 60 минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90 минути. Немавме концентрација и фокус до крајот на натпреварот и така загубивме. Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат – изјави Димитриевски.

Потсетување дека во составот на Милевски за претстојниот меч нема да биде дефанзивецот Висар Муслиу поради црвениот картон кој го доби против Украина во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.

Алиоски: Англија е голем фаворит, но ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот