Алиоски: Англија е голем фаворит, но ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме

фото: ФФМ

Македонската А репрезентација е во Манчестер каде што утре од 20.45 часот ќе го игра натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 против Англија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски веќе тренираа на „Олд Трафорд“ од каде ќе се обидеме по вторпат во меѓусебните дуели со Англичаните да излеземе како непоразени.

Потсетување дека првпат на овој славен стадион против Англија се соочивме во 2006 година кога мечот заврши без голови (0:0) тогаш во квалификациите за ЕП 2008.

Во Англија, особено добро го познаваат Езѓан Алиоски кој ги бранеше боите на Лидс и од настапите во Премиер лигата знае каква е атмосферата на „Олд Трафорд“. Нашиот играч ги споделува очекувањата и ветува дека сите на теренот ќе го дадат максимумот.

– Ова е специјален момент за сите, посебно за играчите кои се првпат во Англија и гледале натпревари на овој терен од Лигата на шампионите и од Премиер лигата. Сите ќе уживаат, а ако сме подготвени ментално и имаме дисциплина, можеме да направиме нешто тука. Сите знаеме дека нема да биде лесно, дека Англија е голем фаворит, ама ние никогаш не губиме надеж и не се предаваме. Затоа дојдовме тука, да играме – изјави Алиоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот