фото: РК Прилеп 2010

Димитар Димитриоски е нов играч на РК Прилеп 2010

Денеска ракометниот клуб Прилеп 2010 го претстави најновото засилување во своите редови, 27-годишниот Димитар Димитриоски.

Левото крило со интернационално искуство, кој досега настапуваше за шпанскиот клуб Атлетико Ваљадолид, се враќа во Македонија и ќе биде важен дел од РК Прилеп 2010 во новата сезона.

На клупски план ги бранеше и боите на РК Металург 2, РК Металург, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер 2, а има и настапи за најдобрата македонска репрезентација.

Претходно РК Прилеп 2010 ја извести јавноста дека нов тренер на екипата на Наум Танески, поранешен тренер на РК Струга и актуелен селектор на младинската репрезентација на Македонија.

Танески минатата сезона ја водеше Струга и успеа да обезбеди опстанок во Суперлигата, а сега со голема амбиција пристапува кон нов предизвик во Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот