Дикаприо, Камерон Дијаз, Мајкл Џексон меѓу познатите имиња во судските документи на Џефри Епштајн

Фото: ЕПА / Профимедиа

Двајца поранешни претседатели, врвни естрадни ѕвезди и оскаровци, дури и британски принц се во документите поврзани со озлогласениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Во средата беа објавени стотици страници судски документи на покојниот милијардер Џефри Епштајн, обвинет за педофилија. Тоа е првиот сет документи што ќе бидат отпечатени според судскиот налог од 18 декември, а се очекуваат повеќе во наредните недели.

Кога беше најавен планот за објавување на документите, тоа предизвика гласини за список со имиња на „клиенти“ или „соучесници“. Епштајн беше милијардер познат по богатиот социјален живот, па во долгоочекуваните судски документи поврзани со него, излегоа на виделина имиња на многу личности од висок профил од светот на политиката и на шоубизнисот.

Луѓето наведени во списоците вклучуваат многу обвиненија на Епштајн, членови на неговиот персонал, кои своите приказни ги раскажаа за таблоидните весници, луѓе што служеа како сведоци на судењето на Гислејн Максвел, луѓе што беа спомнати во текот на сведочењето, но не беа обвинети за ништо, како и луѓе што го истражувале Епштајн, вклучувајќи обвинители, новинар и полициски детектив.

Во многубројните судски документи во кои се идентификувани лицата поврзани со озлогласениот сексуален престапник Епштајн, се наоѓаат имињата на двајцата поранешни американски претседатели – Бил Клинтон и Доналд Трамп, но и многу славни личности, како Мајкл Џексон, Вуди Ален, Кевин Спејси, како и американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд.

Покрај споменатите, се појавуваат и нови имиња од светот на забавата. Јавноста остана шокирана кога слушна дека во документите се наведени и актерите Кејт Бланшет, Камерон Дијаз, Леонардо Дикаприо, Брус Вилис, како и манекенката Наоми Кемпбел.

Кои имиња се спомнуваат во документите поврзани со Џефри Епстин?

Објавени судските документи за Џефри Епстин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот