Дијана Хрка во инвалидска количка е однесена во болница
Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина во падот на настрешницата во Нови Сад, вечерва беше однесена од местото каде што штрајкуваше со глад во близина на српскиот Парламент. Во придружба на ветерани, таа дојде во приватна болница во Нов Белград, по сопствен избор, пишува Блиц.
Препорачано
Хрка била однесена во инвалидска количка од ветераните кои цело време претходните денови ѝ даваа поддршка во близина на Парламентот, а била свесна кога влегла во болницата, пишуваат медиумите.
Таа денеска рече дека станува сè послаба и послаба, но дека нема да го прекине штрајкот со глад.
„Ако не се чувствувам добро, ќе се согласам на инфузија, но нема да се откажам, ќе останам до крај“, рече Хрка.
Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, денот по комеморативниот собир во Нови Сад одржан на годишнината од несреќата. Таа бара надлежните органи да ги испрашаат и приведат сите лица осомничени за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, за да, како што вели таа, „конечно почнат судењата“, а не само да се остане на 13-те првично обвинети.
Лекари од Итна помош отидоа кај Дијана Хрка која е во многу лоша состојба


