
Диететичарите советуваат што да правите наутро ако се чувствувате подуени од синоќешниот оброк
Ако по будењето наутро сè уште се чувствувате подуено од синоќешниот оброк, постои начин на кој можете да си помогнете и да ја смирите ситуацијата. Вашата прва мисла можеби е да го прескокнете појадокот и да го намалите внесот на јаглехидрати и калории, но диететичарите тврдат дека треба да го направите токму спротивното.
Препорачано
„По тешкиот оброк претходната вечер, препорачувам да се фокусирате на хидратација и урамнотежени, хранливи оброци за стабилизирање на енергијата и поттикнување на варењето“, истакнува диететичарката Мариса Бек за „Итинг вел“ (Eating Well), додавајќи: „Едноставен појадок богат со влакна и протеини, како тост од цели зрна со јајца или грчки јогурт со овошје, може да обезбеди стабилна енергија без преоптоварување на дигестивниот систем“.
Појадокот е идеална можност да го нахраните вашето тело, да му дадете енергија и да го поттикнете варењето. За дополнително уште повеќе да го зајакнете влијанието врз варењето, експертите за исхрана препорачуваат консумирање одредени видови намирници.
„Препорачувам да вклучите храна богата со калиум со појадокот, како банана, јаболко или авокадо. Калиумот помага во регулирање на натриумот, балансирање на телесните течности и намалување на надуеноста“, советува диететичарката Шејла Патерсон.
Јадете повеќе хранливи оброци во текот на денот.
По појадокот, фокусирајте се на доследни и избалансирани оброци во текот на денот кои вклучуваат протеини, влакна и здрави масти. Ако огладнете помеѓу појадокот и ручекот, пробајте ужина (меѓуоброк) богата со растителни влакна и протеини.
За дополнително да си помогнете со проблемот со надуеноста, диететичарките препорачуваат во вашата рутина да внесете некои други активности.
– Погрижете се често да пиете малку вода.
– Полека движете во текот на денот.
– Легнете на страна за да избегнете рефлукс (киселини во желудникот).