Дибиров до Парондо: Ти благодарам за се – Слободен печат
РакометСпорт

Дибиров до Парондо: Ти благодарам за се

 Роберто Гарсија Парондо по освојувањето на титулата ја напушти клупата на Вардар и негова следна дестинација е Египет.

Миленикот на навивачите, Тимур Дибиров со емотивен поздрав се прости од Роберто Гарсија Парондо, тренерот кој го предводеше Вардар до втората европска титула.  Роберто Гарсија Парондо по освојувањето на титулата ја напушти клупата на Вардар и негова следна дестинација е Египет каде ќе ја предводи машката репрезентација.

„Ти благодарам за се Роберто, ти си одличен тренер и фантастична личност“, напиша Дибиров на својот профил на Инстаграм.

Европскиот шампион во новата сезона повторно ќе биде предводен од Шпанец, на местото на Парондо дојде Давид Писонето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close