Џо Харт ќе биде новиот голман на Тотенхем

epa06330038 England keeper Joe Hart looks on during an international friendly soccer match between England and Brazil at Wembley Stadium in London, Britain, 14 November 2017. EPA-EFE/ANDY RAIN

Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер сити ќе има нов голем предизвик од следната сезона во Премиер лигата.

Како што информираат британските медиуми, Џо Харт ќе биде новиот голман во составот на Тотенхем.

33-годишниот Харт претходно беше дел од Манчестер сити, Бирмингем, Торино, Вест хем, Барнли…

Со „граѓаните“ успеа двапати да ја освои Премиер лигата, два трофеи има во Лига купот и еден во ФА купот.

Долг период беше незаменлив дел од репрезентацијата на Англија за која запиша 75 настапи.

Планот на Тотенхем е да дојде Харт во клубот како замена за Уго Љорис, кого и натаму планира да го задржи Жозе Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот