Џим Кери преку цртежи на Твитер ги исмеја Трамп и полициското насилство! (ФОТО)

инстаграм

Славниот филмски и телевизиски комичар Џим Кери веќе со години на друштвените мрежи објавува свои  цртежи со политичка тематика. Сето тоа започна во 2016 година откако Доналд Трамп стана американски претседател, а Кери на Твитер почна да објавува цртежи на кои е прикажан Трамп заедно со неговите сојузници со коментари кои ја искажуваат лутината на Кери. Откако во рок од 2 години нацрта повеќе од 100 цртежи, тој одлучи да ги урами и во Лос Анџелес организираше изложба со наслов „IndigNATION: Political Drawings by Jim Carrey 2016-2018“.

Таа изложба не беше крај за цртањето на Кери, Трамп се уште е американски претседател, па затоа актерот продолжи да ги објавува своите дела на Твитер. Убиството на Џорџ Флојд и демонстрациите во американските градови последните неколку недели се повод за новиот ангажман на Кери. Тој во неделата насликал и објавил на Твитер портрет од Џорџ Флојд за во понеделникот да објави цртеж по повод случувањата во градот Бафало, каде полицајците турнаа 75-годишен демонстрант кој падна на бетонот и започна да крвари.

„Пред демонстрациите, полицијата примила дојава дека AARP агитатори доаѓаат во автобуси од Cheektowage“, напишал Кери на сликата. AARP е американска организација која се бори за подобар живот и поголема правда кон постарите луѓе. Едниот полицаец во раката држи палка, а во другата вилицата на старецот кој лежи доле и вели „Ги имам неговите заби. Но, внимавајте… Се уште може да ве гризне“.

Во саботата полицајците Арон Торгалски и Роберт Меккејб беа обвинети за напад врз 75-годишниот активист Мартин Гугин, пред гратското собрание во градот Бафало. Тие двајца на суд одговориле дека не се чувствуваат виновни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот