Џенифер Лопез и Бен Афлек „фатени“ заедно во Монтана: Дали „Бенифер“ се враќа по 17 години?

Поранешната славна двојка и поранешни свршеници Џенифер Лопез и Бен Афлек поминуваат се повеќе време заедно, откако Лопез официјално се раздели со нејзиниот вереник Алекс Родригез…

Десет дена откако Афлек беше „фатен“ како ја посетува Лопез во нејзиниот дом во Беверли Хилс кон крајот на април, 51-годишната пејачка и 48-годишниот актер се забележани заедно во Монтана.

epa-efe
EPA-EFE/PETER FOLEY

Според списанието „People“, Џенифер и Бен биле фотографирани заедно во автомобил, недалеку од одморалиштето „Big Sky“, каде што актерот имено поседува куќа.

Instagram
Instagram

Ексклузивните фотографии на кои се гледа Афлек зад воланот на автомобил и Лопез на совозачкото место ги објави „The Daily Mail“.

Џенифер помина неколку дена со Бен надвор од градот. Тие се силно поврзани. Сè беше брзо и интензивно, но Џенифер е среќна“, изјавил извор близок до парот, кој подоцна беше забележан како се качува на приватен авион со кој се вратија во Лос Анџелес.

Instagram
Instagram

Лопез и Афлек ги полнеа насловите страници неколку години под прекарот „Бенифер“, а во 2002 година се верија. Планираната венчавка беше одложена во 2003 година, а потоа во јануари 2004 година, тие официјално раскинаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот