Актерката Џенифер Анистон ќе стане мајка на 52 години

Profimedia
Фото: Профимедиа

Американската актерка Џенифер Анистон е една од најомилените холивудски ѕвезди на денешницата.

Извор близок на актерката за магазинот „Closer“ рекол дека Џенифер ги израдувала своите колеги со веста дека ќе стане мајка. По двата разводи, Анистон одлучила да посвои девојче што го запознала во сиропиталиштето „Каса Хогар Сион“ во Мексико.

Instagram
Instagram

Имено, 52-годишната актерка многу години помагала со донации во споменатото сиропиталиште, а сега решила и да посвои едно девојче што било сместено таму. Изворот рекол дека се очекува посвојувањето да се финализира во јуни годинава.

Џен беше убедена дека собирот со колегите од „Пријатели“ е вистинскиот момент да ја објави веста дека станува мајка. Женскиот дел од екипата знаеше, но таа сакаше да ги изненади момците за време на снимањето“, рекол изворот.

Знаејќи колку тие секогаш го сакале ова за Џенифер, објавувањето на веста беше уште постресно за неа, но таа сепак сакаше да ги сподели среќните моменти со нив и да ја прослави оваа пресвртница во нејзиниот живот“, додал изворот.

Instagram
Instagram

На почетокот на 2011 година, се шпекулираше дека Џенифер планира да посвои дете од сиропиталиште во Мексико со кое била во постојан контакт. Иако пред 10 години Анистон ги негираше шпекулациите, изворот вели дека актерката Кортни Кокс отсекогаш ја поддржувала во идејата за посвојување.

Судот знае дека актерката не сака да направи од ова голем медиумски настан и дека сака ова да биде нејзина лична и интимна одлука, но убавата вест ја сподели со своите колеги и пријатели“, заклучи изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот