Џанг Ѕуо: Заедно работиме за нова иднина за соработка меѓу Кина и ЦИЕ

Фото: Миа.мк

На 9 февруари 2021 година, преку видео конференција успешно се одржа Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Претседателот Си Џинпинг претседаваше со Самитот во Пекинг и одржа главен говор. Премиерот Зоран Заев одржа емотивен говор. Лидерите на Самитот разменија идеи и предлози за градење консензус и исцртување на  нацрт за идна соработка. Објавени се Листа на активности – Соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа во 2021 година во Пекинг и Списокот на резултатите од Самитот Кина-ЦИЕ.

Овој самит беше прва домашна дипломатија во Кина оваа година, а исто така беше и состанок на лидерите на највисоко ниво во последните девет години од воспоставувањето на механизмот за соработка Кина-ЦИЕ земји. Лидерите на Кина и земјите од Централна и Источна Европа сеопфатно го разгледаа процесот на развој на соработката Кина-ЦИЕ, го сумираа искуството за развој, заеднички се радуваат на изгледите за развој и постигнаа широк и важен консензус.

Прво, зајакната е довербата во соработката за заедно да се надминат тешкотиите. Како што истакна претседателот Си Џинпинг во главниот говор, win- win соработката (соработка која е добитна за сите вклучени страни) и заедничкиот развој се оригинална посветеност кога овој механизам за соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ беше започнат. Во споредба со периодот пред девет години, светот претрпе огромни промени. Задачите и предизвиците со кои се соочува соработката Кина и ЦИЕ и нејзиниот развој се посложени. Но, она што е за пофалба е дека Кина и земјите од Централна и Источна Европа се придржуваат кон дипломатската филозофија на пријателска соработка, се држат до правилната насока на солидарност и напредок и работат заедно за да го промовираат успехот на овој самит.

Лидерите на сите страни, вклучително и премиерот Зоран Заев, сметаа дека продолжувањето на унапредувањето на соработката Кина-ЦИЕ е неизбежен избор што е во долгорочен интерес на сите страни. Сè додека сите страни не ја заборават својата оригинална заложба и гледаат долгорочно, соработката Кина и ЦИЕ ќе се движи напред стабилно и со големи чекори.

Второ, одржливоста е промовирана како принцип на соработка. Претседателот Си Џинпинг прецизно ги сумираше принципите на соработка Кина-ЦИЕ за обемни консултации и заеднички придонес, фокусирајќи се на вистински резултати преку урамнотежена соработка, да бидат отворени и инклузивни, иновативни и претприемнички. Тие принципи се во согласност со трендот на времето на мир и развој, и исто така се совпаѓаат со духот на „Појасот и патот” на обемна консултација, заеднички придонес и заеднички придобивки. Тоа е успешна практика на мултилатерализам во соработката Кина-ЦИЕ. Лидерите на Самитот сметаат дека меѓусебната корист и win-win соработката е клучот за успех на билатералната соработка. Тие треба да продолжат да опстојуваат и да промовираат во иднина, и да играат поголема улога во унапредувањето на меѓурегионалната соработка и унапредувањето на регионалниот развој. Врз основа на концептот  „17 плус 1 може да направи повеќе од 18″, сите страни се охрабруваат да најдат позиција и да ги развијат и искористат целосно своите предности во соработката заснована на нивните сопствени дарби, така што сите учесници во соработката ќе имаат корист.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот