Медицинска сестра спречила катастрофа во оддел за бебиња во Србија
Во една од бањите на родилиштето Чачак, Србија, утрово во бојлерот се појавила искра, која ги запалила памучната волна и медицинскиот материјал во бањата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дежурната медицинска сестра реагирала навреме, ги вклучила противпожарните апарати и го изгаснала пожарот, пишуваат српските медиуми.
Остатокот од персоналот на Одделот за неонатологија на Општата болница во Чачак реагирал со смиреност, па струјата веднаш беше исклучена, а родилките кои биле во собите во близина на бањата се преместени на побезбедно место.
За појавата на пожарот била известена и дежурната противпожарна единица, која се појавила на местото на пожарот во рекордно време и изјавила дека пожарот е изгаснат со навремена и смирена реакција на медицинскиот персонал, и дека е ретка можност во вакви ситуации пожарникарите да констатираат дека пожарот е ставен под контрола дури и пред нивното пристигнување.
Бидејќи најверојатно причина за пожарот се искри на бојлерот, раководството на болницата ја повикало надлежната инспекциска служба да изврши вонреден преглед, а наредена е и внатрешна проверка на сите електрични уреди во болницата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
37мин
-
41мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


