Фото: Слободен печат

Девојка среде ноќ паднала во дупка за лифт во центарот на Скопје

17-годишна девојка од Скопје вчера рано утрото паднала во отвор за лифт во зграда што се гради во центарот на Скопје, соопшти МВР. Несреќата во 4 наутро ја пријавила мајката на тешко повредената девојка.

„На 10.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот