Деветгодишно момче е последната жртва на „концертот на смртта“: Езра почина од повредите здобиени во стампедото на „Астроворлд“

Концертот на познатиот рапер Тревис Скот донесе нова жртва. Иако во првобитниот извештај пишуваше дека осум лица го изгубиле животот, тој број се зголемува.

Имено, деветгодишно момче од Далас е десеттата жртва на стампедото до кое дојде на концертот „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас, пред две недели.

Жртвата е деветгодишниот Езра Блунт кој беше ставен во индуцирана кома почина, пренесува Би-би-си.

Езра Блунт беше на апарати за одржување во живот во болница поради тешка траума на мозокот и органите, предизвикани од повредите што ги здоби во стампедото на концертот на 5 ноември. Тој е најмладиот од 10-те посетители на концертот кои загинаа откако избувна стампедо за време на главниот настап на раперот Тревис Скот. Стотици други беа повредени кога толпата почна да ита и притиска кон сцената.

Адвокатот на семејството на Езра Блунт во неделата ја потврди смртта на момчето.

„Смртта на Езра е апсолутно срцепарателна. Ова не требаше да биде исходот од носењето на нивниот син на концерт“, рекол во изјавата адвокатот за граѓански права Бенџамин Крамп, кој рекол дека семејството бара најмалку милион долари отштета.

Во претходно интервју за локален медиум, таткото на Езра, Трестон Блунт, рече дека „не е подготвен да го изгуби своето момче“.

– Имаме уште многу живот пред нас – опишувајќи како неговиот син бил огромен обожавател на Скот и бил многу возбуден пред настапот.

Стампедото на толпата на концертот започна околу 21:15 часот во петокот, 5 ноември. На фестивалот имаше околу 50.000 луѓе.
„Кога мојот син отиде на концерт, го носеше внук ми на рамо“, изјави дедото на починатото момче. „Сите луѓе се туркаа нанапред, а тој не можеше да дише, па на крајот се онесвести поради сиот притисок што се вршеше врз неговото тело. А кога се онесвести, Езра падна од рамото и падна во толпата“, пренесува Си-ен-ен.

Кога таткото се разбудил, Езра веќе бил однесен во детската болница во Тексас како Џон До, рекол тој. „Тие не знаеја ништо за него, дури ниту неговото име бидејќи се раздели од мојот син“, рекол Бернон Блунт.

Најлошиот дел од инцидентот се случил околу 21.15 часот по локално време, кога околу 50.000 луѓе се упатиле кон сцената, рекол шефот на локалните пожарникари, Самуел Пена. Присутните тврдат дека било застрашувачко и дека сѐ се случило многу брзо.

ВИДЕО | Осум лица загинаа на концерт: Ужасно стампедо во Хјустон, пожарникарите ги спасуваа луѓето

Во меѓувреме, пристигна и првата тужба против раперите Тревис Скот и Дрејк, како и против организаторите на концертот.

ВИДЕО | Меѓу загинатите на фестивалот „Астроворлд“ е и 14-годишно дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот